Екипата на Вардар го совлада тимот на Охрид со минимални 27-26 во 21. коло од машката Супер лига.
Иако тимот на Вардар во последните неколку минути губеше од Охрид, сепак на крај успеа да се врати и да слави победа.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Вуко Борозан со девет гола, додека кај Охрид најефикасен беше Теимураз Орјоникидзе со десет гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷