Ракометниот Клуб Вардар за сезоната 2025/2026 ќе има нов спонзор во името на Фокабо бренд за машка облека.
“Со задоволство ја најавуваме соработката со брендот за машка облека Фокабо. Тие ќе бидат нашиот партнер на сите следни натпревари и патувања, на кои нашиот тим и стручен штаб ќе бидат облечени во нивната облека. Веруваме дек спојот на квалитет и естетика на Фокабо, дополнително ќе допринесе кон афирмација и подобро претставување на клубот”, – објавија од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.
(фото/видео – Рк Вардар 1961)📷








