Продолжува поддршката за Вардар 1961 што клубот ја добива од повеќе компании кои стануваат спонзори во македонскиот спортски бренд.
Уште една позната и успешна компанија реши да застане зад Вардар 1961 и заедно да се овозможат услови за најтрофејниот македонски машки клуб да остане на стабилни нозе и да продолжи со остварување на високи спортски резултати.
На списокот на нови поддржувачи на клубот се придужи и Пантелеон ГС. Тоа е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.
(фото – Рк Вардар 1961)📷