Екипата на Вардар забележа убедлива победа против Спартак со високи 48-17 во последниот натпревар од Женската Супер лига во есенскиот дел.
Вардарки немаа проблеми околу победата против Спартак, откако на полувреме беше обезбедена со водството на вардарки од 21-12.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Сара Миновска со десет погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Јана Ѓошевска со седум погодоци.
(фото – ЖРК Вардар)📷