Ракометарките на Вардар остварија лесна победа против екипата на Шампион со резултат 37-19 во Женската Супер лига.
Екипата на Вардар и на полувреме имаше висока предност од 18-8. Во второто полувреме продолжи високото водство на Вардар, па на крај да триумфира против Шампион.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Дона Тодоровска и Ива Кимовска со по седум гола, додека кај Шампион најефикасна беше Мила Филипова со осум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷