Вардар му врати на Еурофарм Пелистер за поразот во Скопје

Екипата на Вардар 1961 забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер со конечни 23-26 на гостувањето во Битола.

Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 11-11. Во второто полувреме Вардар 1961 со добра одбрана успеа да слави кај тимот на Еурофарм Пелистер.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Немања Обрадовиќ со пет погодоци, додека кај екипата на Вардар 1961 најефикасен беше Куни Моралес со десет погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести