Екипата на Вардар Неготино забележа победа на домашен терен против тимот на Преспа Вардар со високи 40-29 во Првата лига.
Составот на Вардар Неготино и на полувреме имаше висока предност од 21-13, па така во второто полувреме ја зголеми предноста, за на крај да слави победа против Преспа Вардар.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Мирослав Митевски со 12 гола, додека кај Преспа Вардар најефикасен беше Александар Филиповски со 11 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷