Ракометарите на Вардар Неготино славеа на гостувањето кај екипата на Јехона со резултат 39-35 во плеј-офот од Првата лига.
Тимот на Вардар Неготино во текот на целиот натпревар го одржуваше водството што го имаше против Јехона, па на крај да слави победа на гостински терен.
Најефикасни во редовите на Вардар Неготино беа Драган Кузманов и Костадин Петров со по девет гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу со 12 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷