Екипата на Вардар Неготино во последните секунди го доби натпреварот со Прилеп, откако триумфираше со резултат 29-28.
Тимот од Неготино направи предност на полувреме со 16-10. Во второто полувреме Прилеп успеа да се врати, но не доволно за победа.
Најдобар стрелец во тимот на Вардар Неготино беше Лазар Адамовиќ со 12 гола, додека кај екипата на Прилеп најдобар стрелец беше Давор Шокоски со 6 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷