Екипата на Вардар Неготино го совлада тимот на Голден Арт со минимални 27-26 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме беше нерешено со 15-15. Во второто полувреме се играше гол за гол, но на крај Вардар Неготино се избори за победа против Голден Арт.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Лазар Адамовиќ со осум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Христијан Милошески со девет гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷