Екипата на Вардар Неготино забележа победа против екипата на Шампион со резултат 39-26 во Првата лига.
Тимот на Вардар Неготино во текот на целиот натпревар го имаше водството, за на крај да се радува на победа против Шампион.
Најефикасен во редовите на Вардар Неготино беше Костадин Петров со 13 гола, додека кај Шампион најефикасни беа Ненад Богоевски и Кристијан Ѓоргиев со по 5 гола.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷