Ракометарите на Вардар Неготино го совладаа тимот на Голден Арт на домашен терен со резултат 31-26 во плеј-офот во Првата лига.
Вардар Неготино имаше водство во текот на целиот натпревар, а екипата на Голден Арт се обидуваше да се врати но не успеа.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со седум погодоци, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Ивица Илиев со шест погодоци.
(фото-Рк Голден Арт)📷