Екипата на Вардар Неготино го освои меморијалниот турнир “Илија Ѓорѓиев Манџата”, откако во финалето го совлада Шампион со резултат 25-19.
Третото место на турнирот го освои екипата на Бисинов, откако го совлада кадетскиот тим на Тиквеш со конечни 22-16.
Полуфиналните средби завршија со победа на Шампион против кадетскиот тим на Тиквеш со 24-16, и со победа на Вардар Неготино против Бисинов со 21-19.
На четвртото издание на турнирот се одигра и ревијален натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија, ветерани и ветерани на повардарие.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷