Ракометарите на Вардар Неготино запишаа победа на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со минимални 24-23 во плеј-аутот од Супер лигата.
Вардар Неготино исто и на полувреме имаше минимална предност од 14-13. Иако целиот натпревар беше неизвесен сепак домашната екипа успеа да ги освои бодовите против гостинската екипа.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Лазар Адамовиќ со 9 погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Мирче Калајџиоски со осум погодоци.
(фото – Рк Вардар Неготино)📷