Екипата на Куманово забележа победа против Вардар Неготино со резултат 31-22 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Во првите минути од првиот дел на натпреварот двете екипи го менуваа водството, но на полувреме Куманово замина со предност од 17-11. Во второто полувреме Куманово ја зголемуваше предноста, па на крај да слави победа против Вардар Неготино.
Најефикасни во тимот на Куманово беа Немања Ѓурашковиќ и Никола Бечејац со по шест гола, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасен беше Ѓорѓи Ташев исто така со шест гола.
(фото – МРК Куманово)📷