Вардар Неготино падна во Прилеп

Ракометарите на Прилеп забележаа победа на домашен терен против екипата на Вардар Неготино со 31-21 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Екипата на Прилеп од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 14-9. Тимот на Прилеп и во второто полувреме продолжи да ја зголемува предноста, па на крај да слави победа против Вардар Неготино.

Најефикасен во тимот на Прилеп беше Христи Бикоски со седум погодоци, додека кај екипата на Вардар Неготино најефикасни беа Лазар Адамовиќ и Драган Кузманов со по пет погодоци.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести