Вардар Неготино подобар во дербито од Младост Богданци

Ракометарите на Вардар Неготино забележаа убедлива победа против Младост 1977 Богданци со убедливи 32-14.

Вардар Неготино од почетокот на првото полувреме го презеде водството и на полувреме имаше предност од 14-7. Во вториот дел Вардар Неготино продолжи со добрата серија и славеше против Младост 1977 Богданци убедливо.

Најефикасен во екипата на Вардар Неготино беше Ѓорѓи Ташев со шест погодоци, додека кај екипата на Младост 1977 Богданци најефикасен беше Антонио Николоски со четири погодоци.

(фото-Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести