Вардар Неготино славеше победа против Јуниор Кисела Вода со 28-22 во дербито во плеј-офот во Првата лига.
Вардар Неготино од почетокот на првото полувреме имаше водство, и на полувреме замина со предност од 14-7. Во второто полувреме домашната екипа продолжи исто како во првото полувреме за на крај да забележи победа.
Најефикасен во екипата на Вардар Неготино беше Драган Кузманов со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Игор Илиевски со десет гола.
(фото-Рк Вардар Неготино)📷