Екипата на Вардар Неготино, која во продолжението од сезоната ќе настапува во плеј-аутот од Супер лигата се засили со четири ракометари.
Станува збор за голманот Даниел Ацев, кој доаѓа од Металург РА, средниот бек Велимир Грујовски и кружниот напаѓач Андреј Митиќ, кој доаѓаат од Скопје 2020, и десното крило Филип Трајанов, кој дојде од редовите на Радовиш.
Тимот на Вардар Неготино го напуштија ракометарите Александар Кериќ и Лазар Миниќ.
(фото – 24Ракомет)📷