Екипата на Вардар Неготино се засили со нов ракометар за продолжението од сезоната 2023/2024 во Супер лигата, каде тимот ќе игра во плеј-аутот.
Станува збор за Петар Бугариновиќ, кој настапува на позицијата среден бек. Бугариновиќ има настапувано за екипите на Струга, Леотар Требиње, Смедерево, Морава и Црвена Звезда.

(фото – Рк Вардар Неготино)📷