Вардар Неготино се радуваше на победа против Преспа

Екипата на Вардар Неготино оствари победа на гостувањето кај екипата на Преспа со конечни 25-19 во Првата лига.

Тимот на Вардар Неготино и на полувреме имаше водство од 15-10, па така во второто полувреме продолжи со водството за на крај да ја совлада Преспа.

Најефикасен во редовите на Вардар Неготино беше Мице Шилегов со 11 гола, додека кај екипата на Преспа најефикасен беше Мартин Табаковски со 6 гола.

(фото – Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *