Ракометарите на Вардар Неготино забележаа победа на гостувањето во Велес кај екипата на Борец од 33-25.
Неготинци на полувремето обезбедија висока предност од 17-10. Во вториот дел од натпреварот Вардар Неготино си ја одработи задачата, и со победа остана лидер во Првата лига во групата А.
Најефикасен во екипата на Вардар Неготино беше Ѓорги Ташев со осум погодоци, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Лазар Стојанов со осум погодоци.
ГРК Борец 25-33 Рк Вардар Неготино
(фото-Рк Вардар Неготино)📷