Ракометарите на Вардар Неготино забележаа победа против Куманово со конечни 27-21 во плеј-офот во Првата лига.
Вардар Неготино го презеде водството и на полувреме замина со предност од 17-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Вардар Неготино за на крај да оствари победа против Куманово.
Најефикасен во екипата на Вардар Неготино беше Стефан Трајкоски со шест погодоци, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Виктор Петковски со десет погодоци.
(фото-Рк Вардар Неготино)📷