Екипата на Вардар Неготино забележа победа против Партизан Гевгелија со 30-23.
Во првото полувреме се играше изедначено. Но водството на полувремето го имаше Вардар Неготино со 14-12. Во вториот дел домашната екипа стигна до голема предност, за на крај да оствари победа во Првата лига.
Најефикасен во тимот на Вардар Неготино беше Драган Кузманов со 14 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Тодор Узунчев со осум погодоци.
Рк Вардар Неготино 30-23 Рк Партизан Гевгелија
(фото-Рк Вардар Неготино)📷