Рк Вардар Неготино

Вардар Неготино убедлив против Шампион

Ракометарите на Вардар Неготино дојдоа до победа на домашен терен против Шампион во Првата лига со убедливи 28-13.

Вардар Неготино на полувреме замина со предност од 11-9. Во второто полувреме екипата на Вардар Неготино продолжи со добрата серија, и успеа да слави нова победа и нови три бода во Првата лига против екипата на Шампион.

Најефикасен во екипата на Вардар Неготино беше Драган Кузманов со седум погодоци, додека најефикасен во екипата на Шампион беше Бобан Дебрешлиоски со пет погодоци.

Рк Вардар Неготино 28-13 Рк Шампион

(фото-Рк Вардар Неготино)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.