Екипата на Вардар обезбеди билети за своите навивачи за натпреварот на гостински терен против Мелсунген од Лигата на Европа.
Од клубот на социјалните мрежи објавија дека е постигнат договор со тимот на Мелсунген за посебен сектор за навивачите на Вардар.
“Во договор со екипата на МТ Мелсунген, обезбеден е сектор за нашите фанови, со цел за вистинска ракометна атмосфера. Упатуваме благодарност до екипата на Мелсунген за коректната соработка и со нетрпение ги чекаме Европските натпревари”, – објавија од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.
Сите заинтересирани за натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар може да набават билети на следниот линк подолу:

(фото – Рк Вардар 1961)📷








