Vardar

Вардар одигра добро, но загуби кај Кил

Ракометарите на Вардар забележаа пораз на гостувањето во Германија кај екипата на Кил во натпревар од Лигата на шампионите со 30-32.

Од почетокот на натпреварот двете екипи играа добро. На полувремето екипата на Кил го имаше водството од 18-16. Во вториот дел продолжи добрата игра на Кил, составот на Вардар се обидуваше да возврати но не издржа до крај и загуби.

Најефикасен во екипата на Кил беше Сандер Сагосен со осум погодоци, додека кај Вардар најефикасен беше Анте Кудуз со девет погодоци.

Кил 32-30 Вардар 1961

(фото-Вардарфанс)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.