Ракометарките на Вардар остварија сигурна победа на гостувањето во Струга, кај екипата на Стружанка со резултат 34-24 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Иако Стружанка добро парираше во првиот дел, сепак екипата на Вардар беше подобрата екипа во текот на целиот натпревар.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Сара Стефаноска со седум гола, додека кај екипата на Стружанка најефикасна беше Магдалена Делиоска со осум гола.
(фото – Вардарфанс)📷