Вардар победнички против Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2 подобар од Мулти Есенс во Купот на Македонија

Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 26-19 во Купот на Македонија.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Кеита со четири гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Киселовски исто така со четири гола.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 го совлада тимот на Мулти Есенс со конечни 28-23 во Купот.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Белистојаноски со осум гола, додека кај Мулти Есенс најефикасен беше Џигероски со 11 гола.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *