Ракометарите на Вардар забележаа победа против ракометарите на Прилеп со конечни 36-25 во Супер лигата.
Составот на Вардар од почетокот на натпреварот имаше водство, па на крај да слави победа против Прилеп.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Милан Лазаревски со осум гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Денис Шабановиќ со девет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷