Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Тинекс Пролет со конечни 38-22 во Супер лигата.
Тимот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 19-9.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Жоао Педро со девет гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








