Екипата на Вардар ја очекува дерби натпревар против тимот на Охрид во 3. коло од плеј-офот од Супер лигата.
“Во петок ни следува исклучително важен и тежок натпревар против екипата на Охрид, нашиот трет противник во рамки на плејоф натпреварувањето. Домашниот терен, одличната атмосфера и борбеноста на нашата екипа, во петок нека го трасираат патот до новата победа”, – напишаа од Рк Вардар 1961 на социјалните мрежи.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Охрид ќе се одигра на 11 април во петок со почеток од 18:00 часот во СЦ “Јане Сандански”, во Скопје.
Цената на билетите за овој натпревар изнесува 100 и 150 денари во зависност од местата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷