Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер во дерби натпревар од Супер лигата со резултат 31-28.
Тимот на Вардар во текот на целиот натпревар беше во водство, иако Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати, сепак загуби.
Најефикасни во редовите на Вардар беа Николас Боно, Жуниор Тузолана и Јака Малус со по шест гола, додека кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со десет гола.

(фото – Гол.мк)📷








