Вардар поразен од Мелсунген во Лигата на Европа

Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај екипата на Мелсунген со високи 34-18 во натпревар од Лигата на Европа.

Тимот на Мелсунген од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на крај триумфираше со висока разлика против Вардар.

Најефикасни кај Вардар беа Младен Крсманчиќ со четири гола, додека по три гола постигнаа Милан Лазаревски и Ашреф Маргели.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *