Вардар се засили со Марија Николовска

Вардарки за пролетниот дел се засилија со левиот бек Марија Николовска, таа доаѓа од екипата на Ѓорче Петров.

Марија Николовска која има 22 години со екипата на Вардар потпиша договор до крајот на сезоната. Интересно е дека ова е фактички враќање во црвено-црниот клуб на оваа ракометарка, таа по почетоците во Ѓорче Петров играше во тимот на Вардар Јуниор. Потоа во кариерата беше дел од Спартак и Чаир каде одигра две одлични сезони. На почетокот на оваа доби понуда за Израел, ама се одлучи за Ѓорче Пертов, кој е технички нејзин последен клуб иако не впиша настап.

(фото – Инстаграм/Марија Николовска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести