Екипата на Вардар, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Женската Супер лига се засили со четири нови ракометарки.
Станува збор за ракометарките: Ева Ончева (2009), Сандра Милосковска (2011), Матеа Спасовска (2010) и Лина Петровски (2011).
Ракометарките Ева Ончева и Сандра Милосковска настапуваат на голманската позиција, додека Матеа Спасовска и Лина Петровски настапуваат на пикерската позиција и сите доаѓаат од Металург Автокоманда.

(фото – ЖРК Вардар)📷








