Ракометарките на Вардар се радуваа на победа против Куманово, откако го совладаа со 31-26 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар добро го започна првиот дел од натпреварот и обезбеди предност на полувреме од 18-11.
Во второто полувреме составот на Вардар продолжи исто како во првото полувреме, па на крај да се радува на триумф против Куманово.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека кај Куманово најефикасна беше Сара Цветановска со седум гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷