Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето кај екипата на Пелистер со конечни 30-21 во Женската Супер лига.
Составот на Вардар во текот на целиот натпревар имаше водство, па на крај да стигне до победа против Пелистер.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со девет гола, додека кај Пелистер најефикасни беа Анастасија Тодоровска, Ева Апостоловска и Ана Стојчевска со по пет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷








