Екипата на Вардар забележа победа на домашен терен против екипата на Тинекс Пролет со конечен резултат од 28-25 во 6. коло од Супер лигата.
На полувреме Вардар имаше минимална предност од 16-15. Тимот на Тинекс Пролет парираше во текот на целиот натпревар, но на крај загуби од Вардар.
Најефикасни во тимот на Вардар беа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ со по седум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасни беа Томислав Димковски и Андреј Стојановски со по пет гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷