Ракометарите на Вардар 1961 забележаа победа во Кавадарци кај екипата на Тиквеш со конечни 24-28 во плеј-офот во Супер лигата.
Вардар 1961 од почетокот на првото полувреме имаше водство, и на пауза замина со предност од 9-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра за на крај Вардар 1961 да се радува на победа против Тиквеш 2014.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Патрик Валчак со пет гола, додека кај екипата на Тиквеш 2014 најефикасен беше Страхиња Симиќ исто така со пет гола.
(фото-ГРК Тиквеш 2014)📷