Ракометарките на Вардар славеа во дербито против Металург на домашен терен со 20-18 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Во првото полувреме Металург го презеде водството, и на полувреме замина со предност од 9-12. Во вториот дел Вардар со добра одбрана успеа да се врати за на крај да забележи победа против Металург.
Најефикасна во екипата на Вардар беше Ивона Трпевска со шест гола, додека кај екипата на Металург најефикасна беше Ивана Арсениевска со пет погодоци.
(фото-Вардарфанс)📷