Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето кај екипата на Тулуз со конечни 28-26 во 2. коло од Лигата на Европа.
Иако во последните неколку минути имаше пад на играта кај екипата на Вардар, сепак на крај тимот успеа да слави победа против Тулуз.
Најефикасни во составот на Вардар беа Јака Малус со шест гола и Дмитро Горига со четири гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷








