Екипата на Вардар забележа победа на гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш со конечни 30-25 во натпревар од Супер лигата.
Во првите неколку минути натпреварот беше неизвесен, но Вардар успеа да направи водство и на полувреме да замине со предност од 16-12. Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста што ја имаше за на крај да слави победа против Тиквеш.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со седум погодоци, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Јане Јанчев со шест погодоци.
(фото-Рк Вардар 1961)📷








