Ракометарките на Вардар забележаа победа на гостувањето кај екипата на Деспина со резултат 33-21 во 1. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Вардар од почетокот на натпреварот ја презеде контролата на резултатот, па така на крај славеше победа против Деспина.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Леона Миленкоска со осум гола, додека кај Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со шест гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷