Екипата на Вардар забележа висока победа против екипата на Деспина со убедливи 39-18 во Женската Супер лига.
Тимот на Вардар победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 17-9.
Најефикасна во тимот на Вардар беше Леона Миленкоска со осум гола, додека кај Деспина најефикасни беа Сања Цветкоска и Анастасија Јованоска со по пет гола.
(фото – ЖРК Вардар)📷