Вардар славеше победа против Слован и ќе игра финале на турнирот во Хрватска

Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Слован со високи 41-30 на турнирот во Хрватска и ќе игра во финалето.

Составот на Вардар на полувреме имаше водство од 21-17, па на крај да слави победа против Слован.

Најефикасни во составот на Вардар беа Жуниор Тузолана и Милан Лазаревски со по пет гола.

Ракометарите на Вардар во финалето ќе играат против ракометарите на Загреб на турнирот во Хрватска.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *