Екипата на Вардар забележа победа против екипата на Тиквеш со резултат 32-24 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Вардар од почетокот на натпреварот имаше предност, па на полувреме водеше со резултат 16-10. Во второто полувреме продолжи водството на Вардар, па на крај да го совлада Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Стефан Петриќ со седум гола, додека кај екипата на Тиквеш најефикасен беше Спасоје Гачевиќ со шест гола.
(фото – Рк Вардар 1961)📷