Вардар слави јубилеј и до крајот на сезоната со ново лого (ФОТО)

Ракометниот Клуб Вардар слави голем јубилеј – 65 години клуб за сите генерации и промовира ново лого.

“Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, ви го претставуваме официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на големиот Вардар, а кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите во кои ќе настапува нашиот тим”, – објавија од Рк Вардар 1961.

Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *