Ракометарите на Вардар 1961 забележаа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со конечни 36-21.
Вардарци имаа три гола предност на полувремето од 18-15. Вториот дел од натпреварот беше формалност за екипата на Вардар да ја завери победата против Бутел Скопје.
Најдобар стрелец кај Вардар 1961 беше Мартин Карапалевски со пет погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најдобар стрелец беше Денис Тот со осум погодоци.
Рк Вардар 1961 36-21 Рк Бутел Скопје
(фото-Вардарфанс)📷