Вардар со победа против Овче Поле Славјански Универзитет се одјави од Супер лигата оваа сезона

Екипата на Вардар забележа победа против Овче Поле Славјански Универзитет со високи 33-19 во последното коло од плеј-офот во Женската Супер лига.

Вардар и на полувреме имаше предност од 15-11, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Овче Поле Славјански Универзитет.

Најефикасна во тимот на Вардар беше Ивона Трпевска со осум гола, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Јована Конева со шест гола.

(фото – ЖРК Вардар)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести